MKinformer

your daily dose of news

Вицепремиерот Стоилковиќ во официјална посета на Србија: нов поттик за регионална соработка и економско поврзување

11/11/2025 10:36

Потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе учествува на меѓународната конференција „Western Balkans 2030“, организирана од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Во своето обраќање на конференцијата, министерот Стоилковиќ ќе нагласи дека е чест и одговорност да се учествува на настан посветен на иднината на регионот, кој опфаќа теми како регионалната интеграција, европската перспектива и економското поврзување на земјите од Западен Балкан.

Во рамки на престојот во Белград, Стоилковиќ ќе има и билатерална средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. На средбата ќе се разговара за потпишување на меморандум за продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони иницијативи и за координиран настап на трети пазари.

Средбата, како и учеството на конференцијата, доаѓаат во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември, каде се очекува дополнително зајакнување на трговската и инвестиционата соработка меѓу двете земји.

Официјалната посета на вицепремиерот Стоилковиќ претставува уште една потврда за активниот дијалог и силното партнерство меѓу Македонија и Србија, насочени кон стабилен, економски интегриран и европски ориентиран Западен Балкан.

error: Содржината е заштитена од копирање !!