MKinformer

your daily dose of news

Арсовска го повика актуелниот градоначалник на Скопје на јавна дебата: „Ајде да се соочиме со факти, не со лаги“

11/11/2025 11:45

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на изјавите на актуелниот градоначалник и го повика на јавна дебата.

Во нејзината објава, Арсовска побара градските власти јавно да ги објават сите фирми со долгови кон институциите, со конкретни фактури и датуми, како и список со сите 500 вработени во Град Скопје, со податоци за присуство на работа. Таа го обвини градоначалникот дека „три години ги бркал од работа луѓето што работеле, за да направи место за свои партиски кадри“.

„Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите ботови да ме навредуваат, бидејќи народот знае дека лажеш“, напиша Арсовска.

Таа додаде дека е подготвена за јавно соочување:
„Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долгот и за вработените во Скопје и во Кисела Вода.“

Со оваа објава, Арсовска повторно влезе во отворен политички судир со актуелното градско раководство, барајќи транспарентност и јавна одговорност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!