MKinformer

your daily dose of news

Семејно насилство во Охрид: син физички ја нападнал својата мајка

13/11/2025 12:02

Полициските службеници од СВР Охрид вчера (12 ноември 2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ привеле 24-годишен жител на Охрид, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 50-годишна мајка.

Според информациите од полицијата, приведувањето било извршено по претходна пријава за семејно насилство. По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!