Пред неколку минути регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени кај Света Гора
14/11/2025 0:31
Земјотрес со магнитуда 4,1 степени по Рихтер вечерва, околу 23:17 часот по македонско време (22:17 UTC), беше почувствуван во регионот на Егејското Море, во близина на Света Гора.
Според првичните податоци, епицентарот се наоѓал на координати 40.240° северна ширина и 24.170° источна должина, на длабочина од 7 километри.
Земјотресот бил на околу 114 километри југоисточно од Солун и околу 23 километри североисточно од грчкиот туристички центар Сарти. Нема информации за евентуални повредени или материјални штети.
Сеизмолошките служби во регионот продолжуваат со следење на состојбата.






