Сончево и стабилно време денес: температури до 20 степени низ државата
14/11/2025 9:08
Утрово времето ќе биде ведро и студено, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со мала локална облачност, а ќе дува слаб ветер, претежно од северозападен правец.
Максималните дневни температури низ државата ќе се движат од 13 до 20 степени Целзиусови, што значи пријатен и стабилен есенски ден.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност, придружено со слаб северен ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 17 степени.





