MKinformer

your daily dose of news

Трагедија во Скопје: Загина 56-годишен возач во тешка сообраќајка на „Борис Трајковски“

16/11/2025 16:39

Синоќа, околу 23:10 часот, на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го изгубил 56-годишен маж од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата учествувале два автомобила – „Фолксваген голф“ управуван од починатиот С.Х., и „БМВ“ со кое управувал 28-годишниот Ф.П. од Скопје.

Поради тешките повреди, возачот на „голфот“ починал на самото место, а смрт констатирала екипа на Итната медицинска помош.

Повредени се и сопатниците во „голфот“, 52-годишната Н.Х. и 24-годишната М.Р.А., како и 28-годишен косовски државјанин и возачот на „БМВ“-то. Тие се хоспитализирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Јавен обвинител и полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Во тек е детално утврдување на причините за трагедијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!