Летал со Бентли 143 km/h на делница со ограничување 50, па заврши зад решетки
17/11/2025 13:57
Полицијата уапси 45-годишен жител на Штип кој со луксузно возило „Бентли“ се движел со дури 143 километри на час на дел од експресниот пат Лозово–Велес, каде што ограничувањето е само 50 km/h.
Инцидентот се случил вчера околу 11:45 часот, во близина на крстосницата за селото Мамутчево. Патролата на СВР Велес со радар утврдила дека возачот драматично ја надминал дозволената брзина, по што бил веднаш запрен и лишен од слобода.
Од МВР информираат дека лицето е приведено во полициска станица и е известен јавен обвинител. Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Постапката продолжува.






