Oмари Мур „нов Македонец“ во кошаркарската репрезентација: „Среќен сум што станав Македонец“
27/11/2025 17:36
Македонската кошаркарска репрезентација во новиот претквалификациски циклус за ЕП 2029 добива силно засилување – американскиот бек Омари Мур, еден од клучните играчи на шпанската Валенсија, официјално ќе го направи своето деби во македонскиот национален тим.
Мур, кој неодамна го доби македонското државјанство, веќе ја одработи првата серија тренинзи со репрезентацијата и вели дека бил прифатен одлично.
„Играчите и стручниот штаб ме пречекаа многу добро. Полека се навикнувам на системот што го бара тренерот. Возбуден сум поради можноста да го направам своето прво појавување во дресот на Македонија и се надевам дека ќе одиграме силен натпревар против Азербејџан,“ изјави Мур.
Тој додаде дека му е чест што станал Македонец и испрати порака до навивачите:
„Го чувствувам овој тим како свој дом. Ги повикувам сите да дојдат во салата и да не поддржат.“
Натпреварот Македонија – Азербејџан од претквалификациите за Евробаскет 2029 ќе се одигра вечерва од 19:00 часот во СРЦ „Кале“.






