Благоја Милевски повеќе не е селектор – ФФМ официјално ја заврши соработката
01/12/2025 15:09
Благоја Милевски од денеска и официјално повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Неговиот договор со Фудбалската федерација истече, а од ФФМ потврдија дека нема да биде продолжен. Милевски репрезентацијата ја водеше на 48 натпревари, при што оствари 18 победи, 14 нерешени резултати и 16 порази.
„Упатуваме искрена благодарност до Благоја Милевски и целиот стручен штаб за вложената работа, професионалната соработка и постигнатите резултати. Му посакуваме здравје и успех во понатамошната тренерска кариера“, соопшти ФФМ.
Во неговиот мандат Македонија стигна до два мундијалски баражи, вклучително и финалето против Португалија, по историската победа над Италија. Но, периодот на Милевски го одбележаа и најтешките порази во историјата на репрезентацијата – 7:0 од Англија и 7:1 од Велс во квалификациите за Светското првенство.
View this post on Instagram






