MKinformer

your daily dose of news

Приведен навивач на скопскиот аеродром, на 10 други одбиен влез поради агресија

11/12/2025 11:08

Еден навивач од Словачка е приведен, а на уште десетмина не им бил дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување за време на лет и по слетувањето во Скопје, информираше денеска полицијата.

Според пријавеното, на 10.12.2025 околу 20:30 часот до СВР Скопје биле доставени информации од службите на Меѓународниот аеродром Скопје и Регионалниот центар за гранични работи Север дека група патници, дел од навивачка група од Словачка, под дејство на алкохол нарушувале ред и не ги почитувале правилата на летот. Тие се однесувале агресивно, создавале вознемирување кај останатите патници и кон авиокабинскиот екипаж.

Полициски службеници веднаш интервенирале и го привеле Л.Т. (38) од Словачка, додека на десет други лица од истата група им бил одбиен влез во Македонија поради безбедносни причини.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот против приведеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!