MKinformer

your daily dose of news

Косово ги прими првите мигранти депортирани од САД: Курти потврди дека веќе пристигнале првите лица

12/12/2025 10:32

Косово официјално започна да прифаќа мигранти кои САД сакаат да ги депортираат, согласно договорот склучен со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Премиерот Албин Курти потврди дека првите едно до две лица веќе пристигнале во земјата.

„Ги прифаќаме оние што САД не сакаат да ги задржат на своја територија,“ изјави Курти во гостување на телевизија.

Според договорот постигнат во јуни, Косово може да прими до 50 мигранти, а мандатот на оваа соработка е предвидено да трае една година. Владата во Приштина тогаш соопшти дека овој чекор е дел од „трајната благодарност“ кон САД за политичката и безбедносната поддршка, посебно по прогласувањето на независноста во 2008 година.

Курти, кој дојде на власт во февруари, во меѓувреме се соочи со политички турбуленции — неговата влада падна, а нови парламентарни избори се закажани за 28 декември. Во меѓувреме, САД упатија сериозни критики кон неговата партија, обвинувајќи ја дека ја нарушува стабилноста со блокирање на учество на една српска политичка партија на декемвриските избори.

Паралелно со договорот со САД, Косово претходно го ратификуваше и договорот со Данска, со кој затвореници осудени во таа земја ќе можат да ја издржуваат казната во косовски затвор.

error: Содржината е заштитена од копирање !!