Жестока порака од Будимпешта: „Полска ја турка Европа во војна со Русија, Унгарија нема да учествува“
14/12/2025 20:33
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро ја обвини Полска дека се обидува да ја вовлече Европа во директен конфликт со Русија, потенцирајќи дека Унгарија нема намера да биде дел од такво сценарио.
„Јасно ни е дека сакате да започнете европска војна против Русија, но Унгарија нема да дозволи да биде вовлечена во туѓ конфликт“, напиша Сијарто на социјалната мрежа X, реагирајќи на изјавите на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.
We understand you really want a Russia vs. Europe war! We will not let ourselves be dragged into your war!! https://t.co/UXqBu74WSd
— Péter Szijjártó (@FM_Szijjarto) December 14, 2025
Претходно, Сикорски јавно го нападна унгарскиот премиер Виктор Орбан, тврдејќи дека тој „примил Ленинов орден“, алудирајќи на неговата изјава дека евентуалната европска конфискација на замрзнатите руски средства би можела да се смета како фактичка „објава на војна“ кон Москва.
Европската унија неодамна донесе одлука да ги замрзне руските финансиски средства во вредност од околу 210 милијарди евра на неопределено време. Овој потег предизвика остра реакција од Москва, по што Руската централна банка поднесе тужба против белгискиот депозитар „Јуроклир“, каде што се чуваат средствата, барајќи обештетување за наводно претрпена штета.
Напнатоста меѓу земјите членки на ЕУ дополнително расте, особено околу прашањето дали користењето на замрзнатите руски средства може да доведе до директна ескалација со Русија.


![ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ГО ПРОМЕНИ МИСЛЕЊЕТО НА ТРАМП ЗА ПУТИН: Како Трамп од нема оружје за Украина стигна до испорака на ракетите „Патриот“ tramp[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp1.jpg)

