MKinformer

your daily dose of news

Се продолжува ДДВ од 5% за нови станови до 2028 година

26/12/2025 16:25

Значително олеснување за граѓаните кои планираат купување нов дом. Пред новогодишните празници, Собранието на Република Македонија ги усвои измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои се продолжува примената на повластената ДДВ стапка од 5 отсто за новоизградени станови.

Од Министерство за финансии информираа дека мерката, која требаше да истече на 31 декември 2025 година, ќе остане во сила уште три години, од 1 јануари 2026 до 31 декември 2028 година.

Доколку ова законско решение не беше продолжено, од почетокот на 2026 година ќе стапеше на сила редовната ДДВ стапка од 18 отсто, што автоматски ќе доведеше до зголемување на цените на новите станови за најмалку 13 проценти. Во пракса, стан со вредност од 100.000 евра би поскапел за дополнителни 13.000 евра.

Со усвоените измени, повластената даночна стапка ќе продолжи да важи за првиот промет на станбени згради и станови кои се наменети исклучиво за домување. Олеснувањето ќе се применува за објекти кај кои прометот се врши во рок од пет години од завршувањето на изградбата.

Експертската јавност ја оценува одлуката како важен чекор кон стабилизирање на пазарот на недвижности, со што се обезбедува поголема предвидливост и сигурност за купувачите, но и подобри услови за планирање и инвестирање за градежниот сектор во среднорочен период.

error: Содржината е заштитена од копирање !!