MKinformer

your daily dose of news

Вознемирувачка снимка од кафуле во Гостивар: тепачка и истрели

03/01/2026 0:59

Снимка со вознемирувачки сцени од кафуле во Гостивар денеска се појави на социјалните мрежи, на која се гледа физичка пресметка меѓу повеќе лица, по што се слушаат и истрели.

Според медиумските наводи на Без цензура, инцидентот се случил синоќа, на 1 јануари. На видеото се гледа како избива тепачка меѓу двајца луѓе и повеќемина гости во локалот, по што едно лице вади пиштол. Во мешаницата јасно се слушаат најмалку четири истрели, а присутните панично го напуштаат објектот.

Случајот не е евидентиран во денешниот полициски билтен, а засега не е познато дали инцидентот бил официјално пријавен.

Според неофицијални информации, лицето кое пукало е 17-годишно момче кое поседувало германски пасош. До овој момент Министерство за внатрешни работи нема објавено официјална потврда за околностите на настанот, ниту информации за евентуално повредени лица.

Редакцијата ќе ја информира јавноста веднаш штом надлежните институции соопштат официјални детали.

error: Содржината е заштитена од копирање !!