MKinformer

your daily dose of news

Африм Гаши на прва средба со кинеската амбасадорка Сиаојан: Одлични односи и покана за посета на Кина

28/01/2026 18:46

Претседателот на Собрание на Република С. Македонија, Африм Гаши, ја оствари својата прва официјална средба со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан.

На средбата, Гаши истакна дека односите меѓу двете држави се на исклучително високо ниво, засновани на меѓусебна почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот, при што беше нагласена и поддршката на концептот „Една Кина“.

Тој потенцираше дека Северна Македонија и Кина имаат повеќедецениска соработка уште од осамостојувањето на државата, обележана со три децении стабилни дипломатски односи и соодветна институционална комуникација. Кина, како втора најголема економија во светот, е и најголемиот трговски партнер на земјава надвор од Европа.

Во Собранието, како што беше истакнато, традиционално функционира Пратеничка група за соработка со Кина, која претставува важен мост меѓу парламентите на двете држави. Соработката се реализира во повеќе области – економија, инфраструктура, бизнис, образование, култура и спорт – со јасна ориентација кон продлабочување на односите во интерес на граѓаните.

Амбасадорката Сиаојан на средбата пренесе официјална покана до Гаши за посета на Кина од страна на претседателот на Сенароден кинески конгрес. Поканата беше прифатена од страна на претседателот на Собранието и оценета како значајна можност за дополнително зајакнување на парламентарната соработка и политичкиот дијалог меѓу двете земји.

error: Содржината е заштитена од копирање !!