MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Хаос на паркетот: Тепачка на мечот Пистонс – Хорнетс, четворица играчи исклучени

10/02/2026 11:25

Жестока тепачка го одбележа НБА натпреварот меѓу Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс, откако во третата четвртина дојде до сериозен инцидент кој резултираше со исклучување на четворица кошаркари и дополнително ја вжешти атмосферата во салата.

Од редовите на Шарлот беа исклучени Муса Диабате и Мајлс Бриџис, додека кај Детроит паркетот предвреме го напуштија Џејлен Дурен и Ајзеја Стјуарт.

Инцидентот започна по жесток дуел под кошот, по што дојде до турканици и физички контакт меѓу повеќе играчи, а судиите беа принудени да интервенираат и да донесат строги санкции за смирување на ситуацијата.

Тензичната атмосфера продолжи и во последната четвртина, кога тренерот на Хорнетс, Чарлс Ли, беше исклучен, откако бурно реагираше на една судиска одлука и мораше да биде задржан од членовите на клупата за да не тргне кон судијата.

На крајот, Детроит Пистонс славеа со 110:104, а овој пораз го прекина обидот на Шарлот да го израмни клупскиот рекорд од 10 последователни победи, што дополнително го зголеми разочарувањето кај гостинската екипа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!