MKinformer

your daily dose of news

Роберт Кенеди Џуниор со шокантно признание во подкаст: „Шмркав кокаин од даската на шољата во тоалет“

13/02/2026 13:47

Американскиот министер за здравство Роберт Кенеди Џуниор во подкаст изнесе лични признанија за своето минато поврзано со злоупотреба на дрога.

Во емисијата „This Past Weekend“, чиј водител е американскиот подкастер Тео Вон, Кенеди изјави дека „не се плаши од повраќање“ бидејќи, како што рече, во минатото „шмркал кокаин од тоалетни школки“.

Двајцата разговараа за нивната историја на зависност и за присуството на состаноци за поддршка, кои биле прекинати за време на пандемијата со коронавирусот. Според нив, подоцна формирале сопствена група што продолжила да се состанува и покрај ограничувањата.

Кенеди се осврна на своето децениско закрепнување од злоупотреба на алкохол и супстанции, нагласувајќи дека редовното присуство на состаноци е клучно за неговата трезвеност.

„Знам дека оваа болест ќе ме убие ако не ја лекувам, што за мене значи одење на состаноци секој ден“, изјави тој.

Изјавата предизвика реакции во американската јавност, особено имајќи ја предвид неговата актуелна функција во администрацијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!