Американската војска на готовост за напад на Иран уште викендов-Се чека зелено светло од Трамп
19/02/2026 10:32
Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека американската војска е подготвена за потенцијални напади врз Иран веќе во сабота, но дека временската рамка за евентуална акција може да биде продолжена и по овој викенд, објави CBS News, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.
Според анонимни претставници, Трамп сè уште не донел конечна одлука дали ќе одобри воена операција. Разговорите во рамки на администрацијата се опишуваат како „континуирани“, додека Белата куќа ги анализира можните сценарија.
Во фокусот на проценките се ризиците од ескалација на конфликтот, како и политичките и воените последици од евентуалната воздржаност или интервенција.
Информациите доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, при што американската администрација внимателно ја мери секоја одлука што може да има пошироки регионални и глобални импликации.






