Земјотрес од 3,3 степени
19/02/2026 19:17
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четвртокот, 19 февруари 2026 година, во 16:21 часот во Босна и Херцеговина.
Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот се наоѓал на географска ширина 43,2694 и должина 17,3979, односно околу 37 километри од Мостар и 16 километри од Љубушки.
Хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. Очевидци кои живеат во близина на епицентарот на порталот EMSC навеле дека потресот бил силен и ненадеен, но краткотраен.
Засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата и засега нема индикации за посериозни последици.




