MKinformer

your daily dose of news

Кина со жестока реторика: „САД се зависници од војна и извор на глобална нестабилност“

28/02/2026 14:25

Кина упати остри критики кон САД, оценувајќи дека Вашингтон е „зависник од војна“ и главен фактор за меѓународни нереди и регионална нестабилност.

Во пораката што ја пренесоа кинески медиуми и на социјалната мрежа „Х“, обраќањето на Ву Чаин потпарол на Кинеското министерство за одбрана, се наведува дека низ својата историја, долга повеќе од 240 години, САД не војувале само околу 16 години, посочувајќи го тоа како доказ за постојана воена ангажираност.

„САД имаат околу 800 воени бази во странство во повеќе од 80 земји и региони. Тие се главната причина за меѓународни турбуленции и регионална нестабилност“, наведува Ву Чаин.

Острите изјави доаѓаат во време на засилени геополитички тензии и зголемена воена активност во повеќе региони, при што Пекинг и Вашингтон сè почесто разменуваат критики околу безбедносната архитектура и улогата на големите сили во глобалните конфликти.

Меѓународните аналитичари оценуваат дека ваквата реторика дополнително ги продлабочува дипломатските разлики меѓу двете најголеми светски економии.

error: Содржината е заштитена од копирање !!