Лавров со остра порака: Русија ја осуди „агресијата“ на САД и Израел врз Иран
28/02/2026 19:15
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговарал со иранскиот колега Абас Арагчи, при што Москва остро ги осудила нападите врз Иран.
Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Лавров ја осудил, како што се наведува, „со ништо не испровоцираната вооружена агресија“ на САД и Израел врз Иран, оценувајќи дека со тоа се прекршени нормите и принципите на меѓународното право.
Повик за итен прекин на нападите
Во разговорот било нагласено дека е неопходно веднаш да престанат нападите и ситуацијата да се врати на политичко-дипломатски колосек, со цел да се избегнат дополнителни последици по регионалната и глобалната стабилност.
Арагчи го информирал Лавров за плановите на Техеран да иницира итна седница на Совет за безбедност на Обединетите нации, на која ќе се разгледува, како што наведува Иран, американско-израелската агресија.
Тензии околу нуклеарните преговори
Иранскиот министер истакнал дека Техеран презел одредени чекори како одговор на нападите, обвинувајќи ги САД и Израел дека повторно ги прекинале мировните преговори за иранската нуклеарна програма.
Разговорот меѓу Москва и Техеран доаѓа во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток, додека меѓународната заедница внимателно ги следи дипломатските иницијативи и можностите за деескалација.


![Лавров: САД нè враќа во колонијалната ера со дипломатијата 453624-lavrov-ne-smee-da-se-dozvoli-vooruzhen-sudir-na-balkanot[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/453624-lavrov-ne-smee-da-se-dozvoli-vooruzhen-sudir-na-balkanot1.jpeg)


