MKinformer

your daily dose of news

Стратешкиот дијалог со САД денеска продолжува во Вашингтон

07/04/2026 9:14

Стратешкиот дијалог со САД денеска продолжува во Вашингтон, каде по пауза од четири години ќе се одржи втората сесија меѓу Македонија и САД.

Владината делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во составот се и министрите Панче Тошковски, Владо Мисајловски, Стефан Андоновски и Сања Божиновска.

Средбите ќе бидат насочени кон повеќе клучни области. Во фокусот се одбраната, безбедноста, сајбер-соработката, економијата, трговијата и енергетиката.

Од Министерството посочуваат дека дијалогот е важна платформа за продлабочување на билатералната соработка. Целта е да се зајакне партнерството во области од заемен интерес.

Во разговорите ќе бидат отворени и прашања поврзани со транснационалните закани. Дел од агендата е и зајакнувањето на граничната безбедност.

Според најавите, оваа сесија е потврда за континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји. Воедно, треба да ја потврди и заедничката посветеност кон стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.

Муцунски неодамна изјави дека земјава ќе биде прва во Европа што во рамки на оваа американска администрација ќе има ваква сесија во Вашингтон. Тој очекува Стратешкиот дијалог со САД да отвори сериозни дискусии и да донесе конкретни придобивки за граѓаните.

error: Содржината е заштитена од копирање !!