MKinformer

your daily dose of news

Ќе има „тепачки“ во Белата Куќа: Трамп и УФЦ ѕвездите го претставија специјалниот појас за УФЦ Фридом 250

07/05/2026 10:55

Американскиот претседател Доналд Трамп и главните ѕвезди на претстојниот турнир УФЦ Фридом 250 денеска се сретнаа во Овалната соба на Белата куќа, каде официјално беше претставен специјалниот шампионски појас за настанот.

За време на прес-конференцијата беше прикажан уникатниот изглед на појасот, кој ќе им припадне на победниците од шампионските борби на гала вечерта.

Со ова дополнително беше истакнат историскиот карактер на УФЦ Фридом 250, кој треба да се одржи во привремена арена пред Белата куќа. Настанот веќе се најавува како едно од најголемите шоуа во историјата на организацијата.

Интересно е што ова е само втор специјален шампионски појас што некогаш бил изработен од УФЦ.

Првиот ваков појас беше создаден за УФЦ Ноче во 2023 година, настан посветен на мексиканската култура. Тогаш појасот го освои Алекса Грасо, која ја задржа титулата по нерешениот исход против Валентина Шевченко.

Новиот појас за УФЦ Фридом 250 е инспириран од американската симболика и патриотската тематика на настанот, кој се организира со активна поддршка од Доналд Трамп и неговата администрација.

error: Содржината е заштитена од копирање !!