Ѓорѓиевски го назначил водителот Миро Кацаров за в.д. директор на Универзална сала
14/05/2026 17:29
Водителот и шоумен Миро Кацаров е назначен за вршител на должност директор на Универзална сала во Скопје.
Според податоците објавени во Централниот регистар, Кацаров ја презема функцијата како в.д. директор. Назначувањето е извршено од актуелниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Поставувањето на нов раководител доаѓа во период кога трае процесот на реализација на еден од најзначајните културни проекти во главниот град.
Почетокот на изградбата на објектот беше означен кон крајот на април годинава. Според најавите, Универзална сала треба да биде целосно завршена до крајот на 2027 година.
На оваа позиција претходно беше Горјан Христовски.






