(Видео)Се судрија два воени авиони на САД, пилотите спасени
18/05/2026 7:49
Два американски морнарички авиони се судрија во воздух за време на воздушното шоу „Gunfighter Skies“ во Ајдахо, а сите четворица членови на екипажот успеале безбедно да се катапултираат.
Инцидентот се случил во близина на Mountain Home Air Force Base. Според американските медиуми и официјални информации, станува збор за два авиони EA-18G Growler.
Сведоци на настанот пријавиле густ чад и пад на леталата, а на видеа објавени на интернет се гледаат и падобрани во воздух. Официјалните информации велат дека сите четворица од екипажот се пронајдени живи.
По несреќата, базата била ставена под засилени безбедносни мерки, а надлежните отвориле истрага за причините за судирот. Настанот потоа бил откажан.






