MKinformer

your daily dose of news

Литванија сака НАТО да го нападне Калининград

19/05/2026 10:00

Будрис: НАТО ги има потребните средства

Литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис го повика НАТО да биде подготвен за напад врз руската енклава Калининград.

„Треба да им покажеме на Русите дека можеме да ја пробиеме малата тврдина што ја изградија во Калининград. НАТО ги има потребните средства за уништување на руските бази во енклавата“, рече Будрис во интервју за швајцарските медиуми, објави Спутник.

Путин предупредува на „невидена ескалација“

Рускиот претседател Владимир Путин постојано предупредува дека евентуалната блокада на Калининградската област би довела до „невидена ескалација“ и дека сите закани за регионот би биле уништени.

Москва: Никому нема да дозволиме да се заканува

Советот на Руската Федерација претходно изјави дека Москва нема да дозволи никому да им се заканува на Калининград или на Балтичкото Море и дека на секоја провокација ќе се одговори веднаш.

Што е Калининград?

Калининград е најголемиот град и административен центар на Калининградската област – руска енклава помеѓу Полска и Литванија, која има излез на Балтичкото Море.

error: Содржината е заштитена од копирање !!