MKinformer

your daily dose of news

Граѓаните на Карпош му даваат поддршка на Јакимовски

14/06/2026 14:40

Протест во Карпош: Граѓаните бараат ослободување на Јакимовски

Денеска пред старата зграда на општината во Карпош се собраа граѓани на протест против пресудата на поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски. Тие изразија поддршка за Јакимовски и побараа судот да го ослободи, а во знак на добра волја се понудија сами да ја демонтираат бараката поради која е осуден.

„Тој секогаш ќе биде наш“

Во изјава за медиумите од името на собраните граѓани, еден од присутните порача:

„Крајно сме изненадени и зачудени од веста дека нашиот градоначалник, велам нашиот – Стевче Јакимовски, оти тој секогаш ќе биде наш, треба да оди во затвор. Не затоа што направил криминал, не оштетил никого и никој не претрпел штета, туку осуден е затоа што направил нешто добро за нас граѓаните на Општина Карпош.“

Што е доброто?

Според присутните, доброто е самата општинска барака во која граѓаните изминатите 13-14 години доаѓале да ги решаваат своите проблеми. Јакимовски е осуден за поставување на времена градба.

„Осуден е затоа што некој не сака да прифати дека ова е токму таква времена градба, поставена да се смести раководството на општината додека да се изгради новата општинска зграда.“

Ветување: Сами ќе ја демонтираме бараката

Граѓаните се понудија сами да ја демонтираат бараката за да се докаже дека станува збор за монтажна градба.

„Ние сме овде собрани обични граѓани, не разбираме од мајсторлук, има меѓу нас 2-3 електричари, но останатите сме граѓани кои го замолуваат судот да ни дозволи да ја демонтираме оваа барака.“

Тие ветуваат дека ќе ги демонтираат и прописно складираат:

  • гипсаните панели

  • потребната изолација

  • лимовите од кровот

  • вратите (со метални каси)

  • прозорите

  • дури и истите штрафови

„Овде нема цигли, малтер, армирано бетонски столбови“

„Да се уверат дека овде нема цигли, нема малтер, нема армирано бетонски столбови, цирклажи и плочи, туку обични гипсани панели.“

Граѓаните очекуваат Врховниот суд да донесе одлука и да го ослободи Јакимовски, а својот гест го нудат како придонес кон утврдување на фактите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!