(Видео) Халанд го испрати Бразил дома, Норвешка во четвртфинале на Мундијалот
06/07/2026 8:27
Норвешка го елиминираше Бразил од Светското првенство, откако славеше со 2:1 во осминафиналниот дуел во Њу Џерси.
Со оваа победа, Норвежаните обезбедија пласман во четвртфиналето на Мундијалот.
Халанд со два гола во финишот
Бразил долго време доминираше на теренот, но не успеа да ја капитализира доминацијат и шансите.
Ерлинг Халанд најпрво погоди во 79. минута по центаршут на Шјелдеруп.
Десет минути подоцна, истиот тандем повторно беше клучен. Шјелдеруп асистираше, а Халанд од работ на шеснаесетникот го погоди спротивниот агол за пресврт и победа на Норвешка.
Ниланд го запре Бразил
Голманот Ниланд беше еден од најзаслужните за големата победа на Норвешка.
Тој уште во 14. минута му одбрани пенал на Бруно Гимараеш.
Бразил потоа имаше уште неколку големи шанси, но не успеа да го совлада норвешкиот голман.
Најдобри можности имаа Винисиус Жуниор и Ендрик, кој во второто полувреме промаши одлична шанса во ситуација еден на еден.
Нејмар погоди од пенал во продолжението
Бразил успеа да постигне гол длабоко во судиското продолжение.
Нејмар беше прецизен од пенал и го постави конечниот резултат 2:1.
Според Top Sport, ова бил негов последен настап за националниот тим.
Норвешка ја продолжи позитивната серија против Бразил
Ова беше петти меѓусебен дуел меѓу Бразил и Норвешка.
Норвешка ја забележа третата победа, додека два натпревари завршиле нерешено.
Бразил и понатаму останува без победа против оваа селекција.
Четвртфинале против Англија
Норвешка во четвртфиналето ќе игра против Англија, која претходно го елиминираше Мексико.
Со тоа, скандинавската репрезентација продолжува меѓу осумте најдобри на Светското првенство.






