Нови напади на САД и Иран, санкциите повторно воведени
08/07/2026 9:05
Нови напади на САД и Иран по инцидентот со три танкери во Ормускиот Теснец
САД погодија над 80 мети на Иранската револуционерна гарда, Иран возврати со напади врз базите во Кувајт и Бахреин. Нафтените санкции за Иран повторно се воведени.
САД погодија над 80 мети
САД извршија нови напади врз Иран откако три танкери беа нападнати во Ормускиот Теснец. Централната команда на американската војска (Сентком) објави дека се погодени повеќе од 80 мети, вклучувајќи над 60 бротчиња на Иранската револуционерна гарда во Теснецот.
„Покрај 60-ина бротчиња, нападнавме и места за лансирање ракети и командни центри. Нападите се одговор за таргетирање и напад на комерцијални бродови со екипаж од невини лица во меѓународен воден пат“, соопшти Сентком.
Иранските медиуми јавија дека се нападнати островот Кешм, Бандар Абас и Сирик, каде што има повредени. Иран не ја презеде директно одговорноста за нападите врз бродовите, за што беше обвинет од Катар и Саудиска Арабија.
Иран возврати врз базите во Кувајт и Бахреин
Иранската револуционерна гарда соопшти дека лансирала одмазднички напади врз американските воени бази во Кувајт и Бахреин.
Иранското министерство за надворешни работи ги обвини САД за грубо кршење на меморандумот за разбирање потпишан минатиот месец и предупреди дека Техеран ќе преземе решителни мерки.
Повторно воведени нафтените санкции за Иран
Пред нападите, американското Министерство за трговија ја отповика одлуката со која привремено беа укинати нафтените санкции за Иран, што беше дел од меморандумот за разбирање.
Овој потег дополнително ја влошува состојбата и ја зголемува тензијата во регионот, кој веќе е на работ на воен конфликт.





