MKinformer

your daily dose of news

Pезултати од обдукција на Македонката пронајдена мртва во Солун

08/07/2026 18:26

Обдукцијата на 24-годишната Македонка пронајдена во Солун, нема траги од насилство, се чекаат токсиколошките анализи

Првичните наоди од обдукцијата укажуваат на патолошка смрт, но конечната причина ќе биде позната по токсиколошките резултати

Нема индиции за насилство

Првичните резултати од обдукцијата на 24-годишната македонска државјанка, која беше пронајдена почината во стан во Солунне укажуваат на насилна смрт или на извршено кривично дело , пренесува грчкиот портал „Тестивал“ .

Обдукцијата покажала дека смртта настапила од патолошки причини, односно како последица на болест или природен процес во организмот.

Се чекаат токсиколошките резултати

Конечната причина за смртта сè уште не е утврдена, бидејќи се чекаат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни одговори за околностите под кои починала младата жена.

Дваесет и четиригодишната девојка, која според неофицијални информации е од Прилеп, претходно беше пријавена за исчезната откако нејзиното семејство не успеало да воспостави контакт со неа. По потрагата, таа беше пронајдена без знаци на живот во стан во солунската населба Сикиес.

Истрагата продолжува

И покрај првичните наоди од обдукцијата, истрагата продолжува, а грчките надлежни органи ги проверуваат сите околности поврзани со случајот до добивањето на конечните резултати од токсиколошките испитувања.

error: Содржината е заштитена од копирање !!