MKinformer

your daily dose of news

Пијан возач предизвика тешка несреќа кај Охрид

10/07/2026 21:09

Сериозно пијан возач предизвикал тешка сообраќајка кај Рача

Со 1,8 промили алкохол во крвта се судрил со друго возило

Возач од Охрид, кај кого биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта, предизвикал тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на селото Рача, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата најтешко е повреден токму возачот кој го предизвикал судирот, додека две лица од другото возило се здобиле со телесни повреди.

Возачот се здобил со тешки повреди

Од МВР информираат дека несреќата се случила на 9 јули 2026 година околу 19:15 часот, кога се судриле патничко возило „цитроен“, управувано од 48-годишен охриѓанец, и патничко возило „форд“, кое го управувал 59-годишен жител на Охрид.

Возачот на „цитроенот“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, додека возачот на „фордот“ и неговата 57-годишна сопатничка поминале со телесни повреди.

Возилото му е одземено

По извршените проверки било утврдено дека возачот кој ја предизвикал несреќата управувал под дејство на алкохол, со 1,80 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!