MKinformer

your daily dose of news

Ескалација во Црното Море: Ураински напади на Руски бродови

15/07/2026 10:07

Украина тврди: Погодени 20 руски бродови во црното море

Киев соопшти дека цел на нападите биле танкери и реморкер

Украинските сили тврдат дека во текот на ноќта со беспилотни летала погодиле 20 руски пловни објекти во Црното Море, меѓу кои 17 танкери за транспорт на нафта, два танкери за превоз на гас и еден реморкер.

Командантот на украинските Сили за беспилотни системи, Роберт Бровди, преку објава на „Телеграм“ соопшти дека нападите биле насочени кон руски бродови кои пловеле во акваторијата на Црното Море.

Руски напад врз Одеса, има загинати и повредени

Во исто време, украинските власти информираа дека утринава руски напад го погодил пристанишниот град Одеса. Според началникот на Одеската градска воена администрација, Сергеј Лисак, загинале три лица, а уште тројца биле повредени.

Нападот предизвикал нови жртви во градот, кој во изминатиот период често е цел на руски воздушни удари.

Москва: Соборени се 93 украински дронови

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени 93 украински беспилотни летала.

Според руските власти, дроновите биле соборени во периодот од 20:00 часот на 14 јули до 07:00 часот на 15 јули по московско време над регионите Белгород, Брјанск, Курск, Ростов, Московската област, Краснодарскиот крај и Крим, како и над Азовското и Црното Море.

Продолжуваат меѓусебните тврдења

Информациите за нападите доаѓаат од украински и руски официјални извори, а независна потврда за обемот на штетите и бројот на погодените цели засега нема.

error: Содржината е заштитена од копирање !!