(Видео)Историска заплена во Колумбија: Запленети 7.6 тони кокаин во вредност од над 13 милиони долари
22/10/2026 11:03
Запленети 7.6 тони кокаин во пристаништето Картахена во Колумбија, во операција која властите ја опишуваат како најголема заплена на оваа локација во последните десет години.
Акцијата ја спровела колумбиската Национална полиција преку Дирекцијата за борба против наркотици – DIRAN, во рамки на стратегијата „Есмералда“.
Според официјалните информации, биле запленети повеќе од 7,6 тони кокаин, во вредност од над 13 милиони долари.
Дрогата била измешана со мелена панела
Наркотиците биле сокриени со необичен метод – кокаинот бил измешан со мелена панела, производ од нерафиниран шеќер, со цел да се отежне неговото откривање при контролата.
Сомнителниот товар бил идентификуван при инспекција, по што биле спроведени дополнителни проверки и анализи.
View this post on Instagram
Над 19 милиони дози немало да стигнат на улиците
Колумбиските власти проценуваат дека запленетата количина би можела да се претвори во повеќе од 19 милиони дози кокаин на нелегалниот пазар.
Со операцијата на криминалните структури им е нанесен финансиски удар од над 13 милиони долари.
Најголема заплена во Картахена во последните 10 години
Колумбиската полиција соопшти дека станува збор за најголемата заплена на кокаин регистрирана во пристаништето Картахена во последната деценија.
Од полицијата наведуваат дека случајот покажува дека криумчарските организации продолжуваат да користат нови методи за прикривање на наркотиците.
Запленетиот материјал е предаден на надлежните служби за дополнителни лабораториски анализи и продолжување на истрагата.
Запленети 7.6 тони кокаин во вредност од над 13 милиони долари претставуваат еден од најголемите удари врз наркотрафикот во Картахена во последните десет години.






