MKinformer

your daily dose of news

ТРАКТОРИСТ ПРЕГАЗЕН ОД ТРАКТОРОТ

05/11/2020 12:27

На 04.11.2020 во 14.30 часот било пријавено дека во с.Канарево, кумановско, Т.М.(72) од Куманово, при изведување земјоделски работи, бил прегазен од тракторот додека откачувал плугови од него, и починал на местото на незгодата.

Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

error: Содржината е заштитена од копирање !!