MKinformer

your daily dose of news

18-годишник со мотор загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир

14/03/2026 21:22

Осумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата „Адем Демачи“ во скопски Чаир.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 13 март 2026 година околу 15:20 часот во СВР Скопје.

Во судирот учествувале мотоцикл „Пијаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Љ. (18), патничко возило „Фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „Пежо 307“ управувано од А.Б. (35), сите од Скопје.

Во несреќата, мотоциклистот починал на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото на несреќата

На местото бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!