MKinformer

your daily dose of news

Словенскиот премиер Јанша: Интересно, слават победник во САД, а cyдот не одлучил

08/11/2020 15:02

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, вели дека е интересно да се слави победникот на претседателските избори во САД, а cyдовите се уште не донеле одлука за жалбите.

„Интересно. Поднесени се жалби во сите американски држави со тесен резултат. Cyдовите дури не  почнаа да одлучуваат. Сепак, главните американски медиуми (а не некое официјално тело) го прогласуваат победникот. Честитки пристигнуваат од сите страни. Е, тоа е владеење на правото”, напиша Јанша на Твитер.

Во средината на неделата, Јанша на социјалните мрежи му ја честиташе победата на Доналд Трамп, наведувајќи дека е „сосема јасно“ дека новиот мандат ќе му припадне на републиканскиот кандидат. /МИА/

error: Содржината е заштитена од копирање !!