Италијанска фудбалска легенда јавно проговори за коронаверусит и лекувањето: Вирусот не е шала, се борев за секој здив
20/11/2020 14:18Италијанецот вели дека воопшто не минал лесно и дека вирусот не е шега.
„Како што веќе знаете изминатите неколку недели не ми беше добро. Сега се опоравив и можам да кажам дека ми олесна, бидејќи борбата со Ковид-19 не беше лесна. Температурата и грозницата не сакаа да престанат, не можев да земам воздух, немав сила. Дијагнозата ме погоди, воспаление на белите дробови поради коронавирусот. Можев да се лекувам во домашни услови долги 15 дена и сега е готово. Сакам да им се заблагодарам на најблиските кои беа со мене“, рече Тоти.






