MKinformer

your daily dose of news

MAЖ СО СЕКИРА ДРЖЕЛ ШЕСТ ДЕЦА ВО ЗАЛОЖНИШТВО (ВИДЕО)

24/11/2020 18:41

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на Санкт Петербург, маж вооружен со секира држеше како заложници шест деца, пренесоа руските агенции.

Извор од безбедносните сили за агенцијата РИА Новости изјавил дека човекот бил пијан, а со полицијата била контактирана неговата сопруга, која не можела да влезе во станот.

Агенцијата ТАСС објави дека мажот се забарикадирал во станот со децата и дека причина за земање на децата во заложништво може да биде неговиот конфликт со сопругата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!