MKinformer

your daily dose of news

ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА СМРТТА НА МАРАДОНА

30/11/2020 15:25

Аргентинските обвинители извршија претрес во куќата и клиниката на лекарот на Марадона – Леополдо Луке и покренаа истрага за смртта на Диего Армандо Марадона. Тие се обидуваат да утврдат дали имало небрежност во лекувањето на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, кој почина од срцев удар во својот дом во средата.

Смртта на Марадона уследи само две недели откако имаше успешна операција на тромб во мозокот, додека истовремено се лекуваше од зависноста од алкохол. Неговите ќерки побараа да дознаат какви лекови користел.

Адвокатот на Марадона, Матијас Морија, изјави дека ќе побара целосна истрага за околностите на неговата смрт, укажувајќи на бавната реакција на итната служба.

„На амбулантното возило му требаше повеќе од половина час да стигне во неговиот дом, што е криминално идиотски“, кажа Морија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!