MKinformer

your daily dose of news

Почина холивудскиот режисер Чак Расел

25/07/2026 19:28

Почина режисерот на „Маска“ и „Eraser“, Чак Расел

Американскиот режисер Чак Расел, кој остави силен печат во Холивуд со филмовите „Маска“, „Eraser“ и „Ноќен кошмар во улицата Елм 3: Воини на соништата“, почина на 74-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Ања, пренесуваат американските медиуми.

Починал во својот дом

Според информациите од сопругата, Расел ненадејно починал во средата во својот дом во предградие на Сан Диего. Таа го пронашла без свест и веднаш повикала итна медицинска помош, но лекарите не успеале да го реанимираат.

Расел важеше за еден од режисерите кои воведоа иновативни визуелни ефекти во современата филмска индустрија и зад себе остави богато филмско наследство.

Кариера исполнета со филмски хитови

Во текот на својата кариера ги режираше филмовите „Eraser“ (1996) со Арнолд Шварценегер, „Bless the Child“ со Ким Бесинџер и „The Scorpion King“ (2002), во кој Двејн Џонсон ја имаше својата прва голема филмска улога.

Режисерското деби го имаше во 1987 година со „Ноќен кошмар во улицата Елм 3: Воини на соништата“, филм кој му даде нова популарност на култниот серијал за Фреди Кругер и постигна голем успех во кината.

„Маска“ му донесе светска слава

Заедно со својот долгогодишен соработник Френк Дарабонт го напиша сценариото и го режираше римејкот на хоророт „The Blob“, но светска слава стекна со филмот „Маска“ од 1994 година.

Во остварувањето, Џим Кери ја толкуваше главната улога, а филмот заработи повеќе од 350 милиони долари на светските кино-благајни и беше номиниран за Оскар за најдобри визуелни ефекти.

error: Содржината е заштитена од копирање !!