Познато каде завршувале преслушкуваните разговори од српскиот претседател Вучиќ и кој наредил негово прислушкување
25/01/2021 15:01Дејан Миленковиќ Багзи, раководител на Службата за специјални истражни методи (ССИМ) на Управата за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи на Србија, го прислушувал претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство – по директна наредба на Дијана Хркаловиќ, поранешен државен секретар на ова министерство.
На рочиштето, Миленковиќ решително рече дека сторил сè по нејзина наредба и транскриптите од прислушуваните разговори меѓу Вучиќ и неговото семејство и ги доставил на неа лично. Постои основано сомнение дека овие записници завршиле кај мафијашите од „кавачкиот клан“, пишува српски Телеграф.
На тој начин, Миленковиќ го потврди сведочењето на околу 50 вработени во МУП, кои беа испрашувани од инспекторите на секторот за внатрешна контрола. Нивните изјави целосно се совпаѓаат. Сите тие сведочеа дека Хркаловиќ е мозокот на целата операција, како и возачите кои на рочиштето рекоа дека ги пренеле транскриптите на одредени лица.
Затоа, според веродостојни информации на српските медиуми, се очекуваат бројни апсења вклучени во невиден скандал.
“Поранешната државна секретарка неколку часа одговараше на прашањата на полицијата. Нејзините одговори главно беа дека не се сеќава, дека не е информирана. Промената во ставот и однесувањето се виде кога ја прашаа за клиентот, дали стои некој зад тоа и кој бара разговорите на шефот на државата да сер прислушуваат тајно и без овластување“, велат извори од истрагата.
Извор: Курир.рс






