MKinformer

your daily dose of news

„Јавна соба“ и во Србија: Откриена нова група на Телеграм каде се споделувале експлицитни и компромитирачки материјали од девојки

09/03/2021 11:54

Група слична на „Јавна соба“, со повеќе корисници од регионот, беше откриена деновиве од страна на една од жртвите. Станува збор за таканаречената „Екс-Ју балканска соба“ на Телеграм во која членуваат повеќе од 35 илјади лица, а во која секојдневно се споделуваат експлицитни фотографии, видеа, но и домашни адреси од жени во Србија и пошироко.

https://twitter.com/MilicaBabi5/status/1368718902616809478?s=20

 

Една од девојките поднесе кривична пријава за да се пронајдат одговорните, а во меѓувреме групата е избришана.

Слична група беше откриена и во Ниш, наречена „Нишлијке“ со 25 илјади членови, а на „Твитер“ брзо беше пронајден администраторот.

Девојките очекуваат српското обвинителство да постапи соодбетно.

error: Содржината е заштитена од копирање !!