MKinformer

your daily dose of news

НЕВЕРОЈАТНО! Градоначалникот на Ниш спречи грабеж

02/02/2026 14:15

Вистинска драма се одиграла во саботата навечер во дрогеријата „Аманда“ на улицата Уроша Предиќа во Ниш, кога вооружен напаѓач се обидел да изврши грабеж, заканувајќи се со пиштол и мачета. Инцидентот се случил на 1 февруари 2026 година, околу 21 часот.

Според сведоштвата на очевидци, напаѓачот влегол во објектот и побарал пари од вработените, упатувајќи сериозни закани. Во тој момент, реагирал градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, кој се нашол во објектот и со присебна реакција успеал да му го одземе пиштолот од раката на напаѓачот и да го фрли, спречувајќи понатамошна ескалација.

Според информациите, напаѓачот со себе носел и мачета, со која се обидел да продолжи со заканите, при што бил оштетен инвентарот во објектот. По разоружувањето, тој бил исфрлен од дрогеријата, а веднаш била повикана полицијата.

Од Полициска управа Ниш потврдија дека осомничениот Љ.М. бил уапсен за обид за грабеж и приведен во рекордно време. Во тек е понатамошна истрага за целосно расчистување на сите околности поврзани со настанот.

Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а многумина ја поздравија храброста и присебноста на градоначалникот, оценувајќи дека со неговата интервенција е избегната можната трагедија.

 

Прикажи ову објаву у апликацији Instagram

 

Објава коју дели portalnistv.rs (@portalnistv.rs)

error: Содржината е заштитена од копирање !!