Hecpeќa вo Хрватска: Автомобил ја пробил банкината на гребенот и заврши во морето
22/03/2021 12:31Полицијата од Сплит објави дека добила пријава дека е забележано возило во морето во близина на Макарска.
Според досега достапните информации, едно лице починало.
Акцијата за извлекување на автомобилот од морето е во тек, известија од полицискиот оддел Сплит-Далмација.

Автомобилот ја пробил оградата Како што неофицијално дознава Макарска Данас, преку видео надзор било утврдено дека возилото ја пробило заштитната ограда и паднало во провалија и завршило во морето.
Се сомнева дека во автомобилот имало две лица, од кои едното починало, а другото се бара. Според неофицијални информации, едно од лицата е жител на Крвавица.
Станува збор за возило „фиат“.






