MKinformer

your daily dose of news

Пoзнaтa хoлaндcкa тypиcтичкa плaтфopмa ja пpoглacи Македонија зa злaтнa тypиcтичкa дecтинaциja

15/04/2021 11:31

Позната холандска туристичка онлајн платформа ја прогласи Македонија за златна туристичка дестинација.

Гласањето се одвивало преку веб-страницата Reisgraag.nl која првично е посветена на туризмот во Холандија, но и на искуствата кои холандските туристи ги имаат патувајќи во другите земји. 

Според оценките, највисоко е оценета локацијата на државата со 8.2 поени, рестораните со 8.1 и културата со 8 поени од можни 10 поени. Гостомпримството е оценето со 7.9, додека локалитетите со 7.8. Од градовите највисоко котира Охрид (8.1), а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга (7.6, 7.5 и 7.2).

error: Содржината е заштитена од копирање !!