Одиме за Романија: За во Букурешт нема да треба ниту ПЦР тест ниту документ за примена вакцина
27/05/2021 18:11Македонија ќе има сигурно голема поддршка на ЕП откако романските власти донесоа одлука за македонските фанови нема да биде потребен ниту ПЦР тест, ниту документ за примена вакцина против корона.
Ова е големо олеснување за фановите ако се знае дека еден ПЦР тест во просек чини 2500 денари, а многумина немаат термин за вакцина.
Првиот натрпревар нашите фудбалери ќе го одиграат на 13 јуни во Букурешт против репрезентацијата на Австрија, а вториот натпревар ќе го одиграат на 17 јуни против Украина.






