(Видео+фото) Водата носеше aвтомобили: Силно нeвpeмe во Германија, едно лице зaгинa, а дете е тeшко пoвpeдeно по удap од гpoм
06/06/2021 13:16Силно невреме ја погоди Германија во петокот вечерта и саботата наутро и предизвика проблеми во многу делови на земјата. Според германските медиуми, едно лице зaгинa, а едно дете е тешко повредено при удар на гром.

Девојчето (12) паднало на патот откако го погодило гром, а потоа возило ја погодило. Таа е пренесена во болница во сериозна состојба.

Имаше и случаи на луѓе заробени во зградите поради поројот.
Обилните дождови ја преплавија главната железничка станица во Штутгарт, водостој по силното невреме кое зафати неколку региони достигна 30 сантиметри.

Во Баварија обилните дождови ги преплавија патиштата и доведоа до неколку сообраќајни несреќи. Вода влезе и во домаќинствата, а неколку подруми беа поплавени.

Полицијата соопшти дека ситуацијата дополнително се влошува со запушените одводи.

Во некои градови, поројот носеше автомобили.
Во Есен неколку лица останаа заробени во еден бар, а во Мосбах поројот носеше автомобили, пренесува „Блиц“.
Видеот можете да го погледнете ТУКА
Lokal hat es in #Thüringen einige #Unwetter gegeben, so in Mosbach: pic.twitter.com/M6jeUxvSkG
— Flo (@onlineflow) June 4, 2021






