Товарен воз падна од мост, едно лице тешко повредено
20/06/2026 8:39
Товарен воз падна од мост во Минхен, едно лице тешко повредено
Тешка железничка несреќа се случи ноќва во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија. Товарен воз излетал од шините на мост, при што два вагона се одвоиле од композицијата и паднале околу пет метри . Во инцидентот едно лице е тешко повредено, соопшти полицијата.
Истрагата е во тек, товарот не е опасен
Полицијата соопшти дека сè уште истражува што точно превезувал возот. Сепак, властите изрично нагласија дека товарот не претставува опасност за жителите во околината .
Инцидентот се случил на железничка линија што главно ја користат товарни возови, изјави портпаролот на германската железничка компанија Дојче Бан . Мостот најверојатно ќе остане затворен до утре.
Нема нарушувања во патничкиот сообраќај
Од Дојче Бан велат дека несреќата нема да предизвика нарушувања во распоредот на локалните и меѓуградските патнички возови . Причините за несреќата се во фаза на истрага.






