Ова ниe гo пpaвимe чecтo – Гpцитe kaзнyвaaт 150 eвpa
26/06/2021 21:03
Во ек на туристичката сезона во Грција возачите што патуваат често се среќаваат со полицијата околу прекршување на некое правило. И понекогаш за „нормално однесување“ следува казна. Она што сигурно е интересно е дека можете да бидете казнети за „предупредување“. За тоа би платиле казна од 150 евра.
Често кога возите на патиштата и ќе наидете на полицика контрола или радар вие продолжувате и потоа ги предупредувате возачите од спротивната страна дека наидуваат на контрола. Така оние што возеле пребрзо имаат време да ја прилагодат брзината и да ја мината контролата неказнето. Но, тоа е недозволиво во Грција.
Според пишувањето на српски туристи, тие биле сопрени од полицијата откако претходно „блиндирале со светлата“ и ги предупредиле другите возачи дека пред нив има полициска контрола.
Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.
Најдобро е сепак да се придржувате до сообраќајните прописи, бидејќи казните во Грција се плаќаат во пошта, па ќе треба да чекате да бидат отворени. Ако случајно сте паркирани погрешно во туристично место може да ви бидат одземени регистерските таблички.



![Утpoвo cтaпиja на cилa нoвитe мepки вo Грција – eвe штo тpeбa дa знaeтe plaza-grcija-korona-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/plaza-grcija-korona-11.jpg)
