MKinformer

your daily dose of news

Српски спортист позитивен на ковид во Токио, а полетал со нeгaтивен тест

04/07/2021 16:02

Еден од веслачите на Србија кои ќе учествуваат на ОИ во Токио, а денеска слетале во Јапонија, бил позитивен на ковид-19 и покрај негативните тестови пред полетувањето.

Целиот тим бил претходно тестиран во Атина 96 часа, а потоа и 72 часа пред поаѓањето за Јапонија. Резултатите на сите членови на тимот биле негативни.

Спортистот немал никакви симптоми и добро се чувствува, како и останатиот тим. Според протоколите ќе биде во карантин седум дена, и би требало да настапува на Олимписките игри.

error: Содржината е заштитена од копирање !!